Русија: Престанавме да ги инфомрираме САД за нашите нуклеарни активности

Од:

Русија престана да ги информира САД за своите нуклеарни активности, вклучително и ракетни тестови, откако Москва минатиот месец го суспендираше учеството во Договорот за контрола на нуклеарното оружје Нов СТАРТ, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

„Нема да има известувања. Сите известувања, сите активности според договорот ќе бидат суспендирани и нема да се спроведуваат без оглед на позицијата на САД“, рече Рјабков, а пренесува „Гардијан“. Руското Министерство за надворешни работи првично соопшти дека ќе продолжи да ги информира САД за планираните пробни лансирања на нивните балистички ракети.

Новиот договор СТАРТ беше потпишан во 2010 година од поранешните претседатели Обама и Медведев. Тој стапи на сила во февруари 2011 година и требаше да трае до февруари 2026 година. Со него САД и Русија се обврзаа да немаат повеќе од 700 интерконтинентални балистички ракети на копно и подморници, а на нив да нема повеќе од 1.550 нуклеарни боеви глави и стратешки бомбардери.боеви глави.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија