Русија подготвена да помогне за разговорите меѓу САД и талибанците

Од:

Москва ќе вложи напори да помогне за продолжување на разговорите меѓу САД и талибанското радикално движење што е можно поскоро, изјави специјалниот пратеник на претседателот на Русија во Авганистан Замир Кабулов.

Одговарајќи на прашањето за можна временска рамка за почеток на вакви преговори, рускиот дипломат истакна дека сè уште нема договор за времето и датумот.

– Постои желба да продолжат преговорите. Ние ќе работиме заедно за да се осигураме дека тоа ќе се случи што е можно поскоро, рече Кабулов, пренесува ТАСС.

Рускиот дипломат, исто така, потврди дека се сретнал со американскиот специјален претставник за Авганистан, Залмај Калилзад, на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Би можело да ве интересира

Мајка со секира си ги уби трите деца

А1он

ФСБ уапси молдавски државјанин кој планирал бомбашки напади во Русија

Песков: Продолжувањето на санкциите на Трамп против Русија не е неочекувано

Трамп: Русија по грешка го гранатираше центарот на Суми, тоа е војна на Бајден

Горан Наумовски

Келог: Украина може да се подели како Берлин по Втората светска војна

А1он

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина