Русија планира да се пробие на азискиот пазар на гас

Од:

По потпишувањето на договорот со Кина во вредност од 400 милијарди Русија има намера да изврши нов продор на енергетскиот пазар во Азија. Таа смета на зголемување на својот удел на глобалниот пазар на КПГ до 15 отсто, од сегашните пет отсто, благодарение на земјите од Пацифичкиот прстен. Ова го изјави еден од директорите на концернот Гаспром Александар Медведев на меѓународната конференција Нафта и гас Сахалин 2014 година.

Русија на глобалниот пазар на КПГ излезе пред само пет години. Сегментот од пет проценти го чинат клиенти од над десет земји од азискиот регион. Клучни партнери се Јапонија, Јужна Кореја и Кина. „Газпром“ има намера да постигне три пати поголем пораст на присуството на пазарот КПГ благодарение на ширењето на капацитетите на фабриката Сахалин 2. Меѓутоа, тоа не и гарантира на Русија 15 проценти во глобалниот пазар, смета експертот од Институтот за енергетика и финансии Сергеј Агибалов.

– Тоа е многу амбициозна цел, навистина ќе биде прилично тешко тој да се оствари. 15 проценти е превисока цел, затоа што не е само Русија насочена на пазарот на Пацифичкиот прстен. Конкуренцијата нема да се заостри само кога е во прашање гасот, туку и меѓу извозниците. На новите сегменти на азискиот пазар сакаат да излезат традиционалните испорачатели од Блискиот исток и од Австралија.

Како и новите играчи од источна Азија и од другите региони. Затоа е можна цел од десет проценти од вкупниот пазар, за 15 проценти ќе мора да се води многу сериозна борба.

Сегмент од 10 до 15 проценти за Русија прогнозира и генералниот директор на Фондот за најционална енергетска безбедност Константин Симонов. Во секој случај, три фактори ја наведуваат Русија своите амбиции на пазарот на КПГ да ги врзе за Азија.

– Според овие светски прогнози главниот пораст на потрошувачката на енергенсите ќе се наоѓа токму во азискиот регион. Односно, во поглед на побарувачката и маркетингот целосно е очигледно дека Русија поголемо внимание треба да посвети на Азија. Но и од гледна точка на понудата имаме сериозен интерес во Азија. Сега покренуваме прилично голем број на проекти во источен Сибир. Тоа се наоѓалиштата Ванкор, Чајанда и Ковикта. На нив се работи под полна пареа, Европа е далеку од нив. Дури и дека, за жал Европа не сака да гледа на Русија како на сигурен испорачател и постојано има некои забелешки.

Сето ова го одредува интересот и значењето на азискиот пазар за Русија, на кој 60 проценти од побарувачката ќе бидат покриени благодарение на увозот. Нејзини нови потенцијални партнери се Сингапур, Индонезија, Малезија, Тајланд, Филипини и Виетнам.

Притоа Тајланд и Виетнам заедно со Кина, Индија и Јужна Кореја се интересни за руските КПГ проекти и од гледна точка за можностите за моторен гас, Кина веќе денес е најголем пазар на КПГ во областа на превозот на стока кое расте со најголема брзина. Активно се шири и примената на мотороното гориво во патничкиот сообраќај – паркот на автобускиот оператор во Пекинг има 6.000 автобуси на КПГ. И нивниот број ќе се зголемува.

Гласот на Русија – Москва

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов