Русија отвори кривична постапка во врска со убиствата на цивили во Донбас

Од:

Истражниот комитет на Русија отвори кривична постапка во врска со случаите на убиство на цивили и гранатирање во регионот на Донбас, во источниот дел на Украина, како и за нападот на руска новинарка во Киев, објави денска портпаролот на комитетот Владимир Маркин.

Постапката е поведена врз основа на одредбите од законот што се однесува на случаи на убиство на две или повеќе лица и користење забранети воени средства и методи, јави ТАСС.

Во артилериски напад на болница и две станбени згради во Доњецк убиени се една жена и десетгодишно дете, изјави Маркин.

Би можело да ве интересира

Русија негира дека Келог бил исфрлен од преговорите на нивно барање

Русија: Продолжуваме со брз напредок во Курск

Вашингтон пост: Путин сака да ја контролира Украина

Руте повика на нормализација на односите со Русија

Зеленски: Унгарија е единствената земја што го блокира членството на Украина во ЕУ

Руте: Земјите-членки на НАТО мора да произведуваат повеќе оружје