Русија не може да ја испорача вакцината во ЕУ пред мај или јуни

Од:

Русија не верува дека е можно да ја испорача својата вакцина Спутник V во Европската унија пред мај или јуни, изјави денеска шефот на рускиот суверен фонд, РДИФ, кој е задолжен за дистрибуција на вакцината.

Кирил Дмитриев, шеф на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), за државната телевизија Росија 24 изјави дека „големи испораки во ЕУ се можни само по завршувањето на масовната вакцинација во Русија“.

РДИФ е одговорен за меѓународна продажба на Спутник V, која е веќе одобрена во голем број земји.

Вакцината се дава во две дози и сè уште не е одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА) за употреба во Европската унија.

Доколку биде одобрена, Спутник V ќе и помогне на ЕУ да се справи со недостиг на вакцини, спротивно на договорот со западните производители кои претходно се обврзаа да доставуваат поголеми количини.

Москва и ЕМА последните денови јавно спорат дали РДИФ воопшто поднела барање за одобрување на вакцината, јави агенцијата ДПА.

Би можело да ве интересира

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари