Русија: НАТО ги загрозува нашите граници

Од:

Русија денеска го обвини НАТО дека ги загрозува нејзините граници и се стреми да го промени стратешкиот однос на силите, принудувајќи ја Москва да преземе чекори во заштита на својата безбедност.

– Не е Русија таа која се приближува кон нечии граници. Тоа е НАТО воената инфраструктура која се приближува кон границите на Русија. Сето ова ја принудува Русија да преземе мерки да ги заштити своите интереси, својата безбедност, рече портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Коментарите на портпаролот на Кремљ доаѓаат еден ден по размената на меѓусебни обвинувања на Русија и Западот за загрозување на глобалната безбедност.

– Секако дека тоа ја зголемува загриженоста на Русија и како што појасни претседателот, сето ова на принудува Русија да преземе мерки…затоа зборовите на рускиот претседател укажуваат на тоа дека не постојат какви било акции што би можела или би требало да зголемат било чија загриженост, рече Песков.

Песков додаде дека Русија никогаш не била и не станала приврзаник на конфронтација со други земји.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија