Русија: Наскоро ќе претставиме нова ракета, лета со брзина од 1000 км/ч

Од:

Рускиот државен производител на оружје КТРВ објави дека за прв пат ќе ја претстави новата воздушна крстосувачка ракета Кх-69 како дел од меѓународниот форум Војска-2022.

„Што се однесува до новите производи, на форумот Војска-2022 за првпат ќе ја прикажеме повеќенаменската високопрецизна крстосувачка ракета Kh-69 со низок профил“, објави корпорацијата.

Проектилот Kh-69 е дизајниран да уништи широк опсег на стационарни цели на земјата со координати познати пред лансирањето, вклучувајќи ги и оние без радар, инфрацрвен и оптички контраст со околината.

Досег од 290 километри

„Опремен е со комбиниран систем на навигација и автоматска контрола. Максималниот дострел е до 290 километри, со брзина од 700 до 1000 км/ч, во зависност од конфигурацијата. Масата на боевата глава е од 300 до 310 килограми“, објави корпорацијата.

Меѓународниот воен форум Војска-2022 ќе се одржи од 15 до 21 август во изложбениот центар Патриот во близина на Москва. Настанот е во организација на руското Министерство за одбрана.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија