Русија ќе воведе реципрочни мерки ако Украина забрани летови на руски компании

Од:

Русија ќе биде принудена да воведе реципрочни мерки, ако Украина забрани на своја територија летови на руските авиокомпании, изјави рускиот Министер за транспорт Максим Соколов, пренесува ТАСС.

Соколов нагласи дека Москва, првпат се информирала од медиумите, за намерите на владата на Арсениј Јацењук да забрани летови на „Аерофлот“ и „Трансаеро“ на територија на Украина.

Според Соколов тоа фактички ќе доведе до прекин на воздушните врски меѓу двете земји и на прво место ќе бидат оштетени граѓаните на Украина.

Украинските санкции ќе доведат до прекин на летовите на руски компании до Молдавија, предупреди претседателот на Асоцијацијата на компании од воздушниот транспорт (АЕВТ) Владимир Пасун.

Според него да се лета до Молдавија, заобиколувајќи ја Украина е економски неисплатливо. – Заобиколувањето на Украина до Европа и Турција трае 40 минути, а до Молдавија се потребни најмалку половина час, нагласи Пасун.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Напад на синагога и црква во Русија: Има мртви

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Москва ја опустоши невреме, се формираше торнадо: Најмалку две лица загинаа

Предраг Петровиќ

Ким Џонг-Ун: Ова е историски момент

Небензја: Русија ќе бара меѓународно признавање на нацистичките злосторства во СССР

Ликвидирани се киднаперите од истражниот затвор во Ростов на Дон

Заложничка драма во истражниот затвор во Ростовската област

Горан Наумовски