Русија ќе продолжи да и доставува хуманитарна помош на Сирија преку алтернативни маршрути

Од:

Русија ќе продолжи да и доставува на Сирија хуманитарна помош по алтернативни маршрути, заобиколувајќи го воздушниот простор на Грција и Бугарија, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков на маргините на саемот за оружје Russia Arms Expo-2015 во Нижни Тагил, во Свердловската област, јави ТАСС.

– Секако дека ќе пронајдеме алтернативни маршурти, изјави тој како одговор на прашање како Русија ќе и доставува помош на Сирија по затворањето на воздушните коридори на Бугарија и Грција, без да прецизира преку кои земји ќе минуваат руските авиони.

– Жалам поради тоа што под притисок на Вашингтон, а јавно и под притисок од Брисел, каде се седиштата на НАТО и ЕУ, некои земји не го исполнуваат она, што би рекол дека е нивни меѓународен долг, нагласи Рјабков.

Според него целата меѓународна заедница нема сознанија во каква хуманитарна ситуација се наоѓа Сирија, какви страдања и жртви претрпува сирискиот народ.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија