Русија ќе му даде нов заем на Кипар

Од:

Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска во Давос, каде присуствува на Светскиот економски форум, изјави дека Русија е подготвена на својот трговски партнер Кипар да му даде нов заем, но само доколку Европската унија, исто така, инјектира пари во оваа земја западната во криза, пренесе ДПА.

Никозија преговара со тројката меѓународни кредитори (Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд) за кредит од 17 милијарди евра.

На прашањето на телевизијата „Блумберг“ дали Русија на Кипар ќе му даде нов кредит, Медведев изјави „само доколку сме сигурни дека економските решенија донесени од Европската унија се испилнети, и во случај нашите европски партнери, исто така, да му дадат нешто на Кипар“.

Русија на Кипар во 2011 година му одобри кредит од 2,5 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски