Русија: Ќе има гас за Украина

Од:

Русија е подготвена на Украина да и испорача до 10 милијарди кубни метри гас, неопходен за зимскиот период, изјави рускиот министер за енергетика, Александр Новак.

-„Газпром“ може да му испорача на „Нафтогас“ најмалку пет милијарди кубни метри по системот „земи или плати“ и по системот на дополнителна набавка, доколку биде потребно во зависност од тоа каква ќе биде зимата-рече тој на состанокот со премиерот на Русија, Дмитриј Медведев.

Според него, Русија чека одговор од Украина за исплата на долгот за гас, во износ од 3,1 милијарда долари.

-Во моментов Еворпската комисија е подготвена да гарантира отплата на долгот-наведе министерот, пренесе „Итар Тас“.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари