Русија ќе го бојкотира состанокот на ОН со ЕУ, тврдат дипломати

Од:

Русија денеска ќе го бојкотира состанокот на Советот за безбедност на ОН со Политичкиот и безбедносен комитет на Европската Унија, што ќе биде ново влошување на односните меѓу Москва и партнерите од ОН, тврдат дипломати во изјава за западни медиуми.

Западен дипломат истакнува дека не помни Русија да бојкотирала состанок на Советот за безбедност, по инвазијата на Украина на 24 февруари.

Годишните неформални заеднички состаноци на Советот за безбедност со Политичкиот и безбедносен комитет не се одржуваа од 2019 година, поради пандемијата од коронавирусот.

На состанокот се очекува да се разговара за заедничка акција на ЕУ и ОН, во земјите каде што двете организации спроведуваат операции, како што се Босна, Централноафриканската Република и Мали.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов