Русија ја зајакна својата воена база во Таџикистан со 30 тенкови

Од:

Русија најави дека ќе ја зајакне својата воена база во Таџикистан со 30 нови тенкови и дека нејзините сили од таа база извеле вежби со системот за противвоздушна одбрана, нагласувајќи ја загриженоста на Москва поради превирањата во Авганистан.

Можноста бунтовниците од Авганистан да се инфилтрираат во Таџикистан и во другите поранешни советски републики во Централна Азија, ја загрижува Москва, која го гледа регионот како одбранбена тампон зона против заканите од југ, пренесува Фена.

Руските сили вежбале да ги одвраќаат непријателските воздушни напади врз воени постројки користејќи ги нивните системи за ракетна одбрана R S-300PS, јави новинската агенција Интерфакс, цитирајќи го Министерството за одбрана.

Базата во поранешната советска република Таџикистан, најголемата руска воена база надвор од границите на земјата, спроведе вежби со десет ракетни фрлачи за противвоздушна ракета за време на маневарот, соопшти Министерството за одбрана.

Контингент напредни тенкови Т-72Б3М со подобрени борбени карактеристики ќе пристигне денеска за зајакнување на руската воена база 201 во Таџикистан, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Русија одржа воени вежби со сојузниците во близина на таџикистанско-авганистанската граница во октомври, откако САД и нивните сојузници ги повлекоа војниците од Авганистан кога Талибанците ја презедоа контролата.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски