Русија ја забрани „ЛГБТ пропагандата“: Граѓаните кои промовираат хомосексуалност ќе бидат казнети по 6500 евра

Од:

Руските пратеници денеска го поддржаа законодавството со кое би се проширила постоечката забрана за промовирање „ЛГБТ пропаганда“ меѓу децата за да вклучи луѓе од сите возрасти, потег што критичарите го гледаат како обид за дополнително заплашување и угнетување на сексуалните малцинства.

Властите веќе ги искористија постоечките закони за да ги запрат Парадите на гордоста и да ги приведат активистите за правата на хомосексуалците.

Според новиот предлог-закон, кој беше едногласно одобрен на прво читање во Долниот дом на Државната дума, секој настан или чин за кој се смета дека промовира хомосексуалност – на Интернет, во филмови, во книги, во реклами или во јавноста – може да доведе до сериозни казни.

Пратениците велат дека го бранат моралот од, како што велат, „неруските“ либерални вредности промовирани од Западот, но групите за права велат дека потезите се дизајнирани да ја забранат застапеноста на малцинствата како што се лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците и трансродовите (ЛГБТ ) луѓе во јавниот живот.

Според законот, граѓаните може да бидат казнети до 6.500 долари за промовирање „ЛГБТ пропаганда“.

Правните лица се соочуваат со казни до 80.000 долари, додека странците кои ќе бидат прогласени за виновни ќе се соочат со депортација од Русија.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски