Русија испраќа нови трупи кон Украина

Од:

Москва ја преместува руската армија низ земјата и ја групира во близина на границата со Украина за идни офанзивни операции, објави денеска британското Министерство за одбрана во новиот разузнавачки извештај.

Во извештајот се наведува дека се работи за нови пешадиски единици кои користат оклопни возила од типот МТ-ЛБ, кои се земени од долгорочно складирање.

Британското разузнавање соопшти дека Русија долго време смета дека таквите возила се несоодветни за операции за поддршка на пешадијата.

И покрај неодамнешните тврдења на рускиот претседател Путин, кој рече дека руската војска „не ни започнала“ во Украина, според британското разузнавање, повеќето од засилувањата се собрани ад хок и опремени со застарена или несоодветна опрема.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород