Русија забрани влез на стотина Канаѓани, меѓу нив и актерот Џим Кери

Од:

Руското Министерство за надворешни работи им забрани на стотина Канаѓани да влезат во земјата, како одговор на санкциите што Канада ги воведе кон Русија. Меѓу нив се актерот Џим Кери, писателката Маргарет Атвуд, авторката на романот „The Handmaid’s Tale“, Ејми Најт, истакната историчарка која ја проучува историјата на КГБ.

На списокот е и премиерката на Алберта, Даниел Смит, како и некои новинари од канадската државна радио и телевизија CBC.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека им се забранува влез на Канаѓаните кои се вмешани во „обликувањето на агресивно антирускиот курс“ на Канада.

Исто така се наведува дека голем број од лицата на кои им е забранет влез во Русија се поврзани со украински организации.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски