Русија и Турција постигнаа договор за плаќање на гасот во рубљи

Од:

Русија и Турција постигнаа начелен договор за префрлање на дел од плаќањето за рускиот природен гас во рубљи како дел од продлабочувањето на трговските врски меѓу двете земји, соопшти денеска турското Министерство за енергетика.

Избегнувањето плаќања во долари е корисно за двете земји, пренесува Раша Тудеј и додава дека Русија ја нарече американската валута „токсична“ бидејќи западните санкции ги отежнуваат трансакциите.

Дополнително, овој договор и помага на Турција да ги зачува своите намалени резерви на тврда валута.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган минатата недела потврди дека Анкара ќе почне да плаќа дел од увозот на природен гас од Русија во рубљи по повеќечасовни разговори со неговиот руски колега Владимир Путин во Сочи, потсетува РТ.

Двете земји потпишаа и патоказ за развој на економската соработка, кој предвидува зголемување на билатералната трговска размена на 100 милијарди долари годишно.

Би можело да ве интересира

Кремљ вели дека нема шанси за враќање на окупираните територии на Украина

Северна Кореја испрати повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

„Фајненшл тајмс“: Резолуцијата за Украина ги обединува САД, Русија и Кина против Европа

Нов состанок на Русите и Американците утре во Истанбул

Катерина Ѓуровски

Песков: Познат е ставот на Москва за распоредувањето европски мировници во Украина

Путин: Русија сака Украина да стане пријателска држава, Зеленски нема шанси да биде реизбран

Горан Наумовски