Русија и Кина ставија вето за санкциите против Сирија

Од:

Русија и Кина ставија вето на резолуцијата на ОН за санкции против Сирија за наводното користење на хемиско оружје.

Ова е седми пат како Русија става вето во Советот за безбедност на Обединетите нации за да ја заштити сириската владата.

Кина исто така има ставено вето шест пати откако започна цивилната војна во Сирија во 2011. година.

Сирија се обврза да го уништи хемиското оружје што го поседува во 2013. година според договор преговаран помеѓу САД и Русија, а сириската влада негира дека користела такво оружје.

Сепак, истрагите спроведени од ОН и меѓународните организации за следење на хемиско оружје откриле дека сириската војска спровела три напади со хемиско оружје во 2015. година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина