Русија и Иран ја зајакнуваат енергетската соработка

Од:

Иран и Русија ќе ја зајакнат соработката во енергетската област, но договорот „нафта за стока“ не е на дневен ред, изјави денеска иранскиот заменик-министер за нафта Али Маџеди.

Според медиумите, се преговара за договор, кој предвидува продажба на иранска нафта и потрошувачки стоки во замена на руски инвестиции во енергетскиот сектор на Техеран и поконкретно во нафтениот и гасниот сектор.

Руски медиуми наведуваат дека преговорите се однесуваат на тоа Русија да купува околу 70.000 барели нафта дневно, што е два проценти од иранската добивка на нафта (3,2 барели дневно во 2013 година).

За Москва тие испораки не противречат на меѓународните санкции, наложени на Иран во врска со иранската нуклеарна програма.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел