Русија и ги понуди на Турција своите ловци Су-35

Од:

Сергеј Чизмов, директор на руската државна корпорација „Ростец“, денеска изјави дека Русија е подготвена на Турција да и продаде борбени авиони Су-35.

На прес конференција тој меѓудругото зборуваше за воено-техничката соработка на двете евроазиски држави, пренесуваат руските медиуми.

Чизмов на официјална Анкара и ја предложи продажбата на овој тип борбен авион од руско производство.

-Доколку нашите турски колеги изразат интерес, ние сме подготвени за испорака на Су-35, рече Чизмов.

Портпарол на американскиот Стејт департмент вчера писмено соопшти дека Турција не може да остане во програмата за американскиот борбен авион Ф-35, поради купувањето на рускиот одбранбен ракетен систем С-400.

Борбениот авион Су-35С, од генерацијата 4++ е надзвучен авион што на пазарот се појави 2008 година. Вооружен е со 30-милиметарски митралез, како и со осум тони ракети и бомби од различни типови.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски