Русија и Германија дополнително ги заоструваат односите: германски дипломат повикан во Москва

Од:

Откако Германија директно ја обвини Русија за вмешаност во обидот за напад со дрон врз аеродромот во Лајпциг, германскиот дипломат Бернд Финке е повикан на разговор во Москва.

Финке, кој во Русија ја извршува функцијата вршител на должноста амбасадор на Германија, бил повикан во Министерството за надворешни работи на Русија поради, како што е наведено, антируските активности на Берлин.

По овој потег се огласи и руското Министерство за надворешни работи.

„Германскиот вршител на должноста амбасадор во Москва беше повикан во руското Министерство за надворешни работи и му беше кажано дека Русија одлучно ги отфрла целосно неоснованите обвинувања на Германија во врска со инцидентот во Лајпциг. Одлуката за затворање на рускиот генерален конзулат во Бон и Рускиот дом во Берлин претставува чекор кон конечно уништување на односите меѓу Русија и Германија“, соопшти руското МНР.

Од руската страна истакнале и дека Берлин намерно предизвикал провокација со цел да ја ескалира состојбата во билатералните односи.

На крајот, потезите што ги презела Германија ги опишале како антируски и најавиле остар одговор од Москва.

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија не се откажува од своето хуманитарно и културно присуство во Германија

Германија, Италија и Белгија бараат право да блокираат прописи на ЕУ

Песков: Санкциите на ЕУ може да го отежнат договорот меѓу Русија и САД за испорака на гориво

Мерц: Реформите ми се поважни од популарноста, не сакам да бидам миленик на нацијата

Затворен аеродромот во Нирнберг поради вонредна ситуација во авион

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Ако Русија не се согласи на примирје, ќе одговориме