Русија го повика на разговор германскиот амбасадор во Москва

Од:

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека го поканило германскиот амбасадор во Москва на разговор поради наводите на Берлин за ситуацијата во врска со рускиот опозициски политичар Алексеј Навални.

Навални беше хоспитализиран на 20 август во Омск, откако му се слоши во авион.

Неговите приврзаници тврдат дека тој е отруен и дека зад тоа стои Кремљ, што Москва го отфрла.

Навални подоцна, беше префрлен во клиниката „Шарите“ во Берлин.

На 2 септември, германската Влада, повикувајќи се на лабораторијата на Бундесверот, објави дека Навални бил отруен со супстанца од групата хемиски боев отров Новичок.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година