Русија го откри идентитетот на шефот на ЦИА во Москва

Од:

Рускатa разузнавачка служба го разоткри идентитетот на шефот на канцеларијата на ЦИА во руската престолнина, откако претходно беше откриен еден агент на ЦИА во Москва.

Уште во 2011 година шефот на канцеларијата на ЦИА „ официјално беше предупреден“ да не презема провокативни чекори за регрутирање на претставници на руските безбедносни сили, изјави припадник на руската разузнавачка служба ФСБ за руските медиуми.

Тој притоа го соопшти целото име на шефот на канцеларијата на ЦИА. Покрај тоа тој го наведе и името на вториот наводен агент на ЦИА, кој, според неговите наводи, во јанаури беше протеран заради „слично делување“” како сега разоткриениот агент.

Наведувањето на имињата на противничките шпиуни е во спротивност со дипломатските обичаи, наведуваат светските агенции. Русија неодамна соопшти дека агентот на ЦИА Рајан Фогле бил разоткрвен кога се обидел да врбува припадник на руските безбедносни сили.

Фогле, под лажен идентитет, работел во Амбасадата на САД во Москва. По разоткривањето тој е прогласен за персона нон грата во Русија.

Портпаролот на Стејт департментот Џен Псаки одби да коментира дали Фогле ја напуштил Русија, како и веста од Москва во која е наведено името на шефот на канцеларијата на ЦИА.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот