Русија го истражува оштетувањето на гасоводот Северен тек како „меѓународен тероризам“

Од:

Руската безбедносна служба Ф СБ ја истражува штетата врз гасоводите „Северен поток“ под Балтичкото Море како „меѓународен тероризам“, јавија руските медиуми повикувајќи се на изјава од канцеларијата на јавниот обвинител.

Истекувањето од гасоводот огромни количини природен гас преку дното на Балтичкото Море може да емитува загадување еднакво на една третина од вкупните годишни емисии на стакленички гасови во Данска, предупреди денеска шефот на данската агенција за енергетика, Кристофер Боцау.

Тој изјави дека истекувањето гас од цевководите Северен поток 1 и 2 изнесува приближно 32 отсто од годишните емисии на јаглерод диоксид во Данска. Емисиите на CO2 во Данска во 2020 година се проценуваат на 45 милиони тони.

„Се додека има гас во гасоводот, опасно е да се биде таму“, рече Боцау, но не кажа кога ќе може да се увиди состојбата на цевките, за кои рече дека се направени од челик со дебелина од 12 сантиметри и обвиткани во бетон.

Цевководите лежат релативно плитко на морското дно, на длабочина од 70 до 90 метри.

Би можело да ве интересира

Вашингтон пост: Украински офицер го координирал нападот на Северен ток, Зеленски не знаел

Се појавија нови докази за уништувањето на Северен тек, непријатни за Полска

ЦИА со месеци знаела дека украинците ќе го разнесат Северен тек

ЦИА знаела за нападот на Северен тек: Го извеле Украинци и криеле од Зеленски

Катерина Ѓуровски

Според германските истражители: Доказите за уништувањето на „Северен тек“ водат до украинската војска

Горан Наумовски

Русија: Американски разузнавачки агенти се директно вклучени во експлозиите на Северен тек

Ана Ололовска