Русија: Британската морнарица го разнесе Северен тек

Од:

Русија ја обвини британската морнарица за „терористички напад“ на гасоводот „Северен тек“.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека британската морнарица минатиот месец го разнела гасоводот Северен тек, обвинувајќи директно една од водечките земји на НАТО за саботажа на клучната руска инфраструктура, пренесува Ројтерс.

Министерството за одбрана не посочи докази за своето тврдење.

„Според достапните информации, претставници на оваа единица на британската морнарица учествувале во планирањето, обезбедувањето и спроведувањето на терористичкиот напад во Балтичкото Море на 26 септември оваа година – минирање на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2“, соопшти Министерството.

Британското Министерство за одбрана засега одбива да ги коментира обвинувањата на Русија.

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Одмазда за масакрот во Суми: Украина ја уништи руската ракетна бригада во регионот Курск