Роскосмос и НАСА преговараат за летовите на Меѓународната вселенска станица

Од:

Вселенските агенции на Русија и САД, Роскосмос и НАСА, преговараат за меѓусебно обезбедување места на летовите до Меѓународната вселенска станица (ISS), изјави денеска претставникот на Роскосмос во Казахстан, Анатолиј Красников.

– Зборуваме за ситуација кога руските космонаути ќе летаат со американски вселенски летала, а американските астронаути ќе продолжат да летаат со нашите вселенски летала. Јасно е дека ова претставува итна потреба, бидејќи гледаме дека се појави нов систем на пренесување човечки екипи до Меѓународната вселенска станица, рече Красников на прес-конференција.

Тој додаде дека членовите на екипажот на Вселенската станица мора да бидат во можност да работат и со рускиот и со американскиот транспортен систем за да обезбедат взаемна поддршка

Според него, постои интерес од двете страни.

Во име на Роскосмос, Красников им честиташе на своите американски колеги за успешното лансирање на вселенскиот брод „Кру драгон“, односно неговото слетување на Меѓународната вселенска станица, кое помина без потешкотии.

– Им честитаме од срце, тоа е навистина голем успех за нив и нешто фантастично, рече Красников.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски

НАСА објави фотографии од површината на Месечината пред и по падот на руското вселенско летало

НАСА испрати погрешна команда и изгуби контакт со вселенско летало оддалечено 19 милијарди километри

НАСА: Јули 2023 година ќе биде најтоплиот месец досега