Ромпуј: За доверба е потребен напредок во решавање на конфликтот

Од:

Европската унија е подготвена повторно да изгради доверба со Русија и ги укине санкциите, ако се постигне напредок во решавањето на конфликтот во Источна Украина, изјави синоќа во Њујорк претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј.

Ромпуј на седница на Генералното собрание на ОН изјави дека е неопходно да се обезбеди напредок во мировниот процес постигнат во Минск, додавајќи дека е неопходно сите страни да го почитуваат прекинот на огнот и го следат мировниот план.

Западните санкции кон Русија не се цел сами по себе и може да бидат ревидирани ако постои видлив напредок, изјави претседателот на Европскиот совет.

Ромпуј го повика Киев одлучно да го следи патот на реформите, а самите економски, политички и уставни реформи ќе го одредат успехот на трајното политичко решение.

Би можело да ве интересира

Зеленски најави кога очекува голема руска офанзива

Руската православна црква нема да повика на велигденско примирје со Украина

Песков: Во моментов нема услови за разговори меѓу Русија и Украина

Со беспилотни летала Украина ги нападна руските рафинерии во Краснодар, една од нив престана да работи

Украина се подготвува да ги повлече војниците од Бердичив

Украина од фронтот ги повлекува американските тенкови „Абрамс“

Горан Наумовски