Романскиот претседател апелирa молдавските политичари да ја почитуваат демократијата

Од:

Романскиот претседател Клаус Јоханис силно апелираше на сите политички сили во Молдавија да се придржуваат до демократските начела и владеењето на правото, соопшти прес службата на Претседателот.

„Стабилноста на Молдавија е најважна за продолжување на европскиот пат на таа држава, која се обврза дека ќе спроведе голем реформски процес, вклучувајќи и владеење на правото и добро управување, согласно својата посветеност кон ЕУ, врз основа на Спогодбата за придружување“, се наведува во соопштението.

Јоханис оцени дека сегашната кризна ситуација би можела да биде решена на добробит на сите граѓани на Молдавија единствено преку отворен дијалог на сите политички сили, кои мора да покажат смиреност и воздржаност во овој период и да дадат приоритет на политичката стабилност на земјата.

Привремениот претседател на Молдавија, Павел Филип, денеска објави дека потпишал декрет за одржување предвремени избори на 6 септември.

Филип беше назначен за привремен претседател откако Уставниот суд го разреши Игор Додон од функцијата шеф на државата, бидејќи тој одби да го распушти парламентот и наместо тоа го поддржа формирањето на новата коалициска влада.

Социјалистичката партија, каде Додон беше поранешен лидер, и проевропскиот блок AЦУМ, вчера се согласија да формираат влада.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Русија ги отвори избирачките места за претседателските избори во отцепениот регион на Молдавија

Горан Наумовски

Молдавскиот архимандрит Јероним пронајден во локва крв, неговиот убиец е пронајден мртов во шума

Горан Наумовски