Романо Проди пратеник на ОН за Сахел

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун, му најави на Советот за безбедност дека има намера поранешниот италијански премиер Романо Проди да го именува за пратеник на ОН за областа Сахел, јавува AFP повикувајќи се на дипломатски извори.

Именувањето на поранешниот претседател на Европската комисија и на владата на Италија, 72 годишниот Романо Проди, формално треба да го прифати Советот за безбедност на ОН, а тој во вторник според овие информации ќе објави дека ниедна од 15-те членки нема забелешки на ова именување.

Начелната одлука за именување на специјален пратеник за Сахел е донесена на состанокот на високо ниво за ситуацијата за состојбата во регионот и Мали, чиј север го контролираат исламистичките екстремисти, одржан на маргините на Генералното собрание на ОН кон крајот на септември. Тогаш, меѓутоа, не беше соопштено името на специјалниот пратеник.

Романо Проди ја предводеше италијанската влада од 1996 до 1998 година, како и од 2006 до 2008 година. Исто така, претседаваше и со Европската комисија во периодот од 1999 до 2004 година.

Сахел е преодна зона од Сахара во африканската савана и опфаќа делови од Сенегал, Мавританија, Мали, Нигерија, Чад, Судан, Јужен Судан и Еритреја.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство