Романија ги измеша Франција и Германија во брошура

Од:

Романски официјални претставници се посрамотиле кога на германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер, кој престојуваше во еднодневна посета на Романија, како подарок му била дадена брошура со мапа на Франција наместо на Германија.

Шефот на германската дипломатија на крајот од прес-конференцијата во Букурешт добил брошура на подарок од романскиот колега Богдан Ауреску по повод одбележувањето на 135-годишнината од воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји.

Романското Министерство за надворешни работи подоцна упатило извинување, соопштувајќи дека од националната новинска агенција Аџерпрес добиле брошура со „техничка грешка“ – боите на германското знаме на мапа на Франција.

Ауреску подоцна му се извинил на Штајнмаер, кој дипломатски одговорил дека воопшто не ја забележал грешката.

Аџерпрес, исто така, им се извинил и на германскиот и на романскиот шеф на дипломатијата поради ненамерната грешка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: И пукал во глава на бремената сопруга, потоа ранил уште тројца – хорор во Германија

ВИДЕО: Поплави во Германија, жители на баварски град евакуирани со хеликоптер

Од денеска Македонците полесно до работа во Германија

ВИДЕО: Политичар и полицаец избодени со нож во Германија

Шолц попушти: Украина може да користи оружје од Германија на руска територија

Катерина Ѓуровски

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија