Ројтерс: Претставниците на Русија и Украина се сретнаа тајно минатата недела

Од:

Претставници на Русија и Украина се состанаа минатата недела во Обединетите Арапски Емирати за да разговараат за размена на затвореници, како и за повторно воспоставување на извоз на руски амонијак во Африка и Азија преку украинскиот гасовод, пренесува Ројтерс.

Изворите велат дека средбата била со посредство на ОАЕ, без учество на ОН, кои вообичаено играат голема улога во таквите преговори. Амонијакот што Русија го извезува се користи за производство на вештачки ѓубрива. Целта на овие преговори е да се решат преостанатите спорни прашања околу извозот, откако минатата недела беше продолжен договорот за извоз на жито.

На 17 ноември, руски и украински претставници отпатуваа во главниот град на ОАЕ Абу Даби за да организираат руски извоз на амонијак во замена за ослободување на голем број затвореници. Не се знае кои биле заклучоците од средбата. Украинскиот амбасадор во Турција, Васил Боднар, изјави за Ројтерс: „Ослободувањето на нашите воени заробеници е еден од условите за руската дозвола за извоз на амонијак“. Тој додаде дека не знае ништо за средбата во ОАЕ.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков