Рохани: Збогатувањето на ураниум до 60 отсто е „одговор на злото“

Од:

Иранскиот претседател Хасан Рохани ја оквалификува како „одговор на вашето зло“ одлуката на официјален Техеран да збогатува ураниум до 60 проценти, по кибер-нападот врз нуклеарната централа Натанц, поврзувајќи го инцидентот со тековните преговори во Виена за иранскиот нуклеарен договор со светските сили.

Израел е осомничен за нападот извршен изминатиот викенд врз иранската нуклеарна централа во Натанц, јавија американски медиуми.

Обраќајќи се на Владата, Рохани истакна дека оштетените центрифуги IR-1 од првата генерација во Натанц ќе бидат заменети со напредни центрифуги IR-6, кои многу побрзо збогатуваат ураниум.

– Збогатувањето од 60 проценти е одговор на вашата злоба…Вие сакавте да ги извадите сите аргументи од наши раце за време на разговорите, нагласи Рохани.

Центрифугите IR-6 збогатуваат ураниум многу побрзо отколку центрифугите IR-1 од првата генерација. Иран вчера објави дека ќе збогатува ураниум на највисоко ниво досега како одговор на нападот врз Натанц изминатиот викенд.

Би можело да ве интересира

Напредок во индиректните преговори меѓу САД и Иран

Ана Ололовска

Иран и Саудиска Арабија ги затоплуваат односите

Ана Ололовска

Аракчи: Разговорите во Виена напредуваат, но Иран може да ги прекине во секое време

Ана Ололовска

Иран „секогаш ги поздравува“ разговорите со Саудиска Арабија

Ана Ололовска

Иран очекува да произведе збогатен ураниум до 60 отсто

Ана Ололовска

Лавров: ЕУ ги загрозува преговорите со воведување санкции за Иран

Ана Ололовска