Рохани: Народот ја избра соработката со светот

Од:

Иранскиот претседател Хасан Рохани, кој официјално го доби и вториот мандат по победата на вчерашните претседателски избори во Ирак, истакна дека ќе ги исполни неговите предизборни ветувања за создавање на послободно општество и подоборување на економијата.

– Иран е голема нација. Ќе останам верен на ветувањата кои ги дадов, наведе Рохани на неговиот Твитер налог.

Тој, при неговото прво обраќање, по победата, нагласи дека Иранците со ова гласање одбрале да соработуваат со светот.

– Пораката на нашиот народ е јасно изразена. Иранскиот народ го одбра патот кон заедничко ангажирање со светот, далеку од екстремизмот. Иранскиот народ сака да живее во мир и пријателство со остатокот од светот, но не прифаќаме било какви закани, ниту понижувања, порача Рохани.

– Нашиот народ им пренесе на соседните земји и на целиот регион дека патот кон осигурување на безбедноста е преку зајакнувањето на демократија, а не преку ослонувањето на други земји, истакна иранскиот претседател.

– Иранскиот претседател Рохани официјално победи на претседателските избори со околу 57 отсто освоени гласови, изјави денеска иранскиот министер за внатрешни работи Абдолрез Рахмани Фазли, врз основа на 99,7 отсто од преброените гласови.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел