Рохани: Иран за миг може да ја напушти нуклеарната спогодба

Од:

Иранскиот претседател Хасан Рохани предупреди денеска дека Техеран лесно и брзо би можел да ја напушти нуклеарната спогодба со светските сили ако САД продолжат со политиката на „санцкии и принуда“.

– Лошото искуство со санкциите и принудите ја доведе нивната претходна администрација на преговарачката маса, рече Рохани во Парламентот.

Тој во говорот, кој го пренесуваше државната телевизија, се осврна и на американскиот претедател Доналд Трамп, изјавувајќи дека на светот му покажал дека Вашингтон „не е добар партнер“.

– Ако сакаат да се вратат на тоа искуство, дефитивно за кратко време, не се во прашање недели или месеци, туку само часови и денови, ние ќе се вратиме на нашата претходна состојба многу посилни, наведе иранскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел