Рохани: Иран не може да се развива во изолација

Од:

Иран не може да достигне одржлив развој во изолација, изјави денеска иранскиот претседател Хасан Рохани, истакнувајќи дека неговата земја нема да тргува со своите принципи поради постигнување нуклеарен договор со светските сили.

– Нашето политичко искуство ни покажува дека земјата не може да достигне стабилен раст во изолација, но тоа не значи дека ќе се откажаме од нашите ставови, нагласи Рохани на отворање на економската конференција во Техеран.

Тој додаде дека преговорите за иранската нуклеарна програма се посветени на воспоставување мост меѓу Иран и Групата 5+1 (САД, Велика Британија, Франција, Русија, Кина и Германија) за надминување на недоразбирањата.

– Деновите кога се зборуваше дека доаѓањето на странските инвеститори ќе ја загрози нашата независност, поминаа. Сакаме да стоиме на свои нозе, да имаме помала потреба од извоз на нафта и доколку тоа се случи, нашите нуклеарни преговори брзо ќе напредуваат, потенцира иранскиот лидер.

Во текот на преговорите Иран и „преговарачката шесторка“ се договориле да ги продолжат разговорите до 1 јули, бидејќи не е постигнат конечен договор за голем број клучни прашања.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел