Рохани: Иран ќе ги зајакне своите ракетни способности

Од:

Иран ќе ги зајакне своите ракетни способности и нема да бара дозвола од ниту една земја за да го стори тоа, изјави денеска иранскиот претседател Хасан Рохани.

Рохани вети дека Иран ќе продолжи да ги развива своите капацитети за балистички ракети и покрај критиките од САД и Франција.

– Без оглед дали ви се допаѓа или не, ние ќе ги зајакнеме нашите воени способности, кои се неопходни за наш одговор, изјави Рохани во Техеран во говорот по повод годишнината од почетокот на војната меѓу Иран и Ирак, која траеше од 1980 до 1988 година.

Тој додаде дека Иран ќе ги зајакне не само своите ракетни, туку и воздухопловните, копнените и поморските сили.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел