Рохани: Иран е подготвен да го разгледа акциониот план за Сирија

Од:

Иран е подготвен да го разгледа со САД, Русија и Европската унија евентуалниот „акционен план“ за Сирија, веднаш откако ќе бидат поразени џихадистите од групацијата Исламска држава, изјави за американското радио Ен-Пи-Ар, иранскиот претседател Хасан Рохани.

– За нас не е проблем да ги почнеме разговорите за одредување и реализирање на акциониот план, откако терористите ќе бидат протерани од територијата на Сирија, истакна Рохани.

Според него потребно е сите да дејствуваат заедно и да има формула за итно протерување на терористите.

– Треба да разговараме за идните можности со сириската Влада и со сите заинтересирани страни со цел заедно да составиме акционен план, додаде тој.

Рохани сепак повтори дека судбината на Сирија и на нејзиниот претседател Башар ал Асад ќе биде определена од самите Сиријци.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ќерката на убиена Иранка ја прослави смртта на Раиси со алкохол и босанска песна

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

(ВИДЕО) Објавена снимка: спасувачите ги носат телата по несреќата на Раиси

Што ќе се случува по смртта на Раиси

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Загина иранскиот претседател, нема преживени во хеликоптерот на Раиси

Катерина Ѓуровски

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов