„Роеви“ дронови предизвикаа паника откако се видени над најсеверната германска покраина Шлезвиг-Холштајн

Од:

Германските медиуми објавија дека се забележани дронови над најсеверната германска покраина Шлезвиг-Холштајн. Според „Билд“, минатиот четврток околу 21 часот, два мали дрона одеднаш се појавија над бродоградилиштето „Тисенкруп“ во Кил, а потоа и повеќе. Сега се откриени застрашувачки информации, бидејќи, според извештајот на „Дер Шпигел“, дронови беа откриени и над виталните државни институции.

Властите истражуваат дали дроновите намерно летале над критичните инфраструктурни објекти со цел да ги шпионираат. Германските медиуми известуваат дека, по инцидентот над просториите на фабриката „Тисенкруп“, комплетна мрежа од дронови – вклучувајќи го и таканаречениот „матичен дрон“ – лебдел над Универзитетската болница во Кил. Дронови беа забележани и над крајбрежната електрана и Килскиот канал. Дронови наводно летале и над таканаречените „државни куќи“, односно седиштето на покраинскиот парламент, но и над рафинеријата која, меѓу другото, го снабдува аеродромот во Хамбург со керозин.

Внатрешен владин меморандум, во кој Шпигел имаше вовед, ги опишува патеките на дроновите како „паралелни“, што сугерира дека тие биле наменети за испитување на теренот и зградите.

И покрај оваа напната ситуација, истакнува Билд, владата на Шлезвиг-Холштајн останала забележително резервирана.

Министерката за внатрешни работи Сабине Цитерлин-Вак (CDU) минатата недела изјави само дека „се откриени летови на дронови над Шлезвиг-Холштајн“ и дека истрагите се во тек.

Сојузното министерство за внатрешни работи, исто така, одби да даде какви било детали претходно оваа недела.

Но, според Шпигел, сомнителните дронови не биле забележани само над Шлезвиг-Холштајн, туку и над базата на Бундесверот во Занит во Мекленбург-Западна Померанија.

Би можело да ве интересира

Нови напади со беспилотни летала и ракети на Блискиот Исток

Горан Наумовски

Германија ја повлекува поддршката за Израел во случајот за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата

Соборени се 250 дронови што се движеа кон Москва

Трамп „го стави на место“ Зеленски во емисија во живо: „Имаме најдобри дронови, не ни треба ничија помош“

Предраг Петровиќ

Руската одбрана собори 72 украински дронови

Мерц: Долготрајната војна не е во интерес на Германија