Робот тргна во прво одделение во име на сериозно болно дете

Од:

Девон Кероу (7) ги поздравува своите другари пред првото школско ѕвонче, а потоа влегува во училиште, ги предава документите во училишниот Секретаријат и оди на настава. Сето ова, овој ученик прваче во ОУ “Винчестер” во американскиот град Вест Сенека го прави од дома, преку роботот VGO, кој наместо него крстари по училишните ходници и училници.

Девон, всушност, има толку тежок облик на алергија што не е во можност да седи со другите деца во училниците. Алергичен е на кикирики, млеко, јајца и неколку врсти месо и друга храна. Боледува и од бројни болести: астма, алергиски воспаленија на хранопроводот, синдром на анафилактичен шок…

Освен што не е во училницата, Девон ги има истите обврски како и другите ученици. Во клупата го чека неговото место на часот мора да внимава и да учествува во наставата како и другите деца. Нема никакви специјални привилегии.

– Тој е многу внимателен и секогаш слуша. Тоа не е само робот, тоа е Девон. Тој е ученик како и секој друг – вели другар од одделението на Девон, Џејсон Грин (7).

Школските другари веќе се навикнаа и се однесуваат со симпатии кон робот.

– Навистина е фин, Секој пат кога наставникот нешто не прашува, Девон ја пали својата сијаличка и одговара.А и смешен е – вели Џејсон.

Другар од клупата, Рили Буди му упаѓа во реченица.

– И многу е паметен – вели тој.

Кога во јануари почна да го користи VGO, Џејсон беше меѓу првите во САД кој почна да оди на училиште со помош на оваа технологија, дизајнирана за деловните луѓе од далечина да управуваат со нивните магацини и претпријатија.

Оваа технолошка иновација,постојано се шири, така што се повеќе сојузни држави во својот образовен систем го вклучуваат малиот корисен робот. Тоа ќе ве чини 5,000 долари и на децата со сериозни здравствени проблеми им овозможува да учествуваат во наставата крај своите другари.

Би можело да ве интересира

Маск создаде ново чудо: Овој робот ќе прави работи опасни за луѓето

Предраг Петровиќ

Робот диригираше со оркестарот во Сеул

Предраг Петровиќ

Доаѓа револуција: Маск наскоро ќе претстави робот кој може да ви биде пријател

А1он

УНЕСКО донесе прв меѓународен документ за вештачка интелигенција

А1он

Робот што може да работи и како наставник

Ана Ололовска

Русите прават робот што ќе тестира за Ковид-19

Жарко Настоски