Рјабков: Русија го предупредува Израел да не ги напаѓа иранските нуклеарни постројки

Од:

Русија го предупредува Израел да не ги напаѓа иранските нуклеарни постројки, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Рјабков изјави дека Русија е во постојан контакт со Иран, без оглед на нивото на тензии во регионот на Блискиот Исток, пренесоа руските медиуми.

„Неколку пати предупредувавме и предупредуваме, дури и за хипотетичко разгледување на можноста за напад на нуклеарни постројки и нуклеарна инфраструктура“, рече Рјабков.

Израел објави, по ракетниот напад на Иран на 1 октомври, дека ќе возврати, вклучително и напади врз иранските нуклеарни централи. Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вторникот објави дека Израел ќе ги слуша САД, но дека ќе одлучува за своите постапки врз основа на националните интереси.

„Вашингтон пост“ објави дека Нетанјаху и рекол на администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден дека Израел ќе ги нападне иранските воени, а не нуклеарни или нафтени постројки.

Би можело да ве интересира

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија