Римската опера ги отпушта сите 182 членови на оркестарот и хорот

Од:

Операта во Рим ги отпушта сите 182 членови на оркестарот и хорот, а одлуката уследи по повеќемесечни финансиски проблеми и штрајкови, кои кон крајот на септември доведоа до оставка на познатиот диригент Рикардо Мурти на функцијата претседател на Римската опера.

– Колективното отпуштање на членови на оркестарот и хорот е прво во Италија, но тоа е многу често во големите европски театри, рече управникот на Операта во Рим Карло Фуортес по состанокот на Управниот одбор.

Тој прецизираше дека уметниците се повикани да формираат ново здружение кое би можело да работи со Операта во Рим од 1 јануари.

Градоначалникот Ињасио Марино рече дека оваа мерка би била единствена алтернатива на затворањето на театарот.

Отпуштањето се однесува на 182 вработени, од 460 и би требало со тоа да бидат заштедени 3,4 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага