Рим: Уапсен лидерот на „Камора“

Од:

Италијанската финансиска полиција денес соопшти дека го уапси лидерот на кланот „Камора“, Адријан Манка.

Како што пренесе „Франс прес“, полицијата дознала дека опасниот бегалец се крие во еден бар, во градот Торе дел Греко, на југот на Италија.

Манка (44) беше во бегство, откако полицијата на почетокот месецов издаде налог за негово апсење, поради меѓународен шверц со дрога.

При акцијата Манка не се спротивставувал, само тврдел дека не е тој кого полицијата го бара. Сопственикот на барот исто така е уапсен бидејќи е осомничен дека сокривал криминалец.

Кланот „Камора“ работи најмногу во околината на Наполи, но има и широка меѓународна мрежа во која „се слеваат“ милијарди евра од шверц на дрога, фалсификувани производи и слично.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески