Рим бара „ ефикасна европска иницијатива“ за кризите во Ирак, Газа и Либија

Од:

Италија побара свикување на итна средба на првите европски дипломати и упати повик за „поддршка, вклучувајќи и воена“ на курдската Влада, изјави денеска шефицата на италијанската дипломатијата Федерика Могерини.

– Италија, заедно со своите европски партнери, ги проучува можностите за поефикасни активности, со цел надминување на ситуацијата во Ирак, но не ја разгледува и можноста за воена интервенција, прецизира Могерини во изјава за италијанското национално радио.

Како што јави ИТАР-ТАСС, претходно некои изјави на Могерини за Ирак беа протолкувани како израз на подготвеноста на Рим со воени средства да ги заштити христијаните, кои се под жестока репресија од групата Исламска држава (ИД).

Според весникот „Кориере дела сера“, Рим бара курдските борци „пешмерга“ да бидат снабдени со оружје. – Само „пешмергите“ можат да ги бранат христијаните, но ги има едвај 50.000, вооружени само со автомати „Калашников“, на фронт што е со должина од 1.000 километри, изјави италијанскиот заменик-министер за надворешни работи Лапо Пистели, по посетата на Ербил.

Могерини информира дека испратила официјално писмо до високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон со предлог да се свика Советот на министрите за надворешни работи од земјите-членки на Унијата, за да се разгледа ситуацијата во Ирак, Газа и Либија „трите кризи кои ја засегаат цела Европа“.

– Неопходна е единствена ефикасна европска иницијатива, смета Могерини, чија земја во моментов е ротациски претседавач на ЕУ.

Данската Влада додели два милиона круни (363.600 долари) за хуманитарна помош за раселените лица во Ирак, соопшти прес-службата на Министерството за надворешни работи во Копенхаген.

Средствата ќе бидат префрлени на Данскиот совет за бегалци, што вложува напори за обезбедување вода и храна за лицата кои останаа без засолниште во северен Ирак.

Помош ќе добијат приближно 2.000 семејства во транзитните кампови.

– Ситуацијата во Ирак е трагична. Стотици илјади Ирачани се спасуваат со бегство од варварските напади на ИД, изјави данскиот министер за надворешни работи Мартин Лидегор. -Меѓународната заедница брзо треба да дејствува за да се избегне хуманитарната катастрофа, додаде тој.

Данска годинава обезбеди вкупно 30 милиони круни (5,5 милиони долари) за хуманитарна помош за Ирак.

Би можело да ве интересира

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Дејвид Камерон: Поддршката на Велика Британија за Израел зависи од почитувањето на меѓународното право

САД: Револтирани сме од израелскиот напад во кој беа убиени хуманитарни работници

Израел уби седум хуманитарци, Нетанјаху тврди: Беше ненамерно