Ријад бара „решителен став“ на меѓународната заедница кон Иран

Од:

Саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман ја повика меѓународната заедница да заземе „решителен став“ во врска со нападите врз нафтените танкери во Оманскиот Залив, за кои го обвини Иран.

Изминативе денови на два танкери во Оманскиот Залив се случија експлозии, по што избувнаа пожари. Причините за експлозиите официјално не се соопштени, но САД, Саудиска Арабија и Велика Британија обвинија дека танкерите биле цел на ирански напади.

Иран од своја страна ги отфрла ваквите обвинувања, оценувајќи дека „некој се обидува да го скара со меѓународната заедница“.

Во интервју за саудискиот државен весник „Ашарк ал-Авсат“, принцот Мохамед се осврна и на односите меѓу Ријад и Вашингтон, за кои смета дека нема да бидат нарушени и покрај „медиумските кампањи или ставови што ги пласираат американските медиуми“.

Американските медиуми го засилија притисокот врз Вашингтон за промена на политиката кон Ријад по убиството на саудискиот новинар вработен во „Вашингтон Пост“, Џамал Кашоги во Саудискиот конзулат во Истанбул во октомври минатата година. Турција и неколку западни земји за убиството на Кашоги ги обвинија властите во Ријад и пред се принцот Мохамед.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ