Резултатите од референдумот во Шкотска ја направија Европа посилна, според чешкиот премиер

Од:

Резултатите од гласањето на референдумот во Шкотска, со кои се зачува територијалниот интегритет на Велика Британија, ја направија Европа посилна, изјави денеска чешкиот премиер Бохуслав Соботка.

– Добрата вест е дека сега нема да се мораме да се занимаваме со последиците од шкотскиот сепаратизам и наместо тоа можеме да се фокусираме на закрепнувањето на економијата во Европа, а исто така и на стабилизирањето на безбедноста во земјите, кои се граничат со Европската унија, истакна тој.

– По вчерашниот референдум Европа стана посилна во однос на Русија и решавањето на украинската криза. Резултатите од референдумот докажаа уште нешто, дека светот не полудел целосно, додаде чешкиот премиер.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска