Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Од:

Вистинска драма утринава се случила во градинка во градот Острава во Чешка, кога маж (40) зел како заложник воспитувачката, па и се заканил со нож. Инцидентот се случил утрово нешто пред осум часот.

Диспечерот во полицијата добил повик од градинка дека маж земал воспитувачката како заложник и барал да се повика полиција, изјави портпаролката на полицијата Ева Михаликова.

Тој ја напуштил градинката веднаш штом сфатил дека е повикана полиција, а во овој инцидент нема повредени.

Полицијата веднаш излегла на местото на настанот, а мажот бил уапсен на улица, на околу 150 метри од градинката.

Направени се алко-тестови и нарко-тестови, но и двата тестови биле негативни.

– Човекот не бил случаен минувач, тој е правен застапник на едно од децата во градинката, додаде Михаликова.

Полицијата го уапсила мажот и му го одзела џебниот нож со кој и се заканувал на воспитувачката.

Тој е во полициски притвор додека трае истрагата. Засега не е познато што довело до оваа драма.

Би можело да ве интересира

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде