Резников: Војната стана европска и Европа конечно го сфати тоа

Од:

„96 часа отпор. Четири дена победа, храброст, посветеност и верба“, напиша предмалку на Фејсбук украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников.

Тој истакна дека постои силно верување дека непријателот кој убива жени, деца и уништува мирни градови ќе биде казнет и дека оваа казна е неопходна.

Тој се осврна и на Европа.

Војната стана европска. Европа конечно го сфати тоа. Половина Европа веќе собира, пакува, носи оружје и опрема. Кругот на земји кои обезбедуваат вистинска помош значително се зголеми. Размерот исто така се зголеми. Европа веќе обезбеди привремено засолниште за десетици илјади за оние кои најмногу сакаме да ги заштитиме – нашите малечки и нивните мајки. Без никакви формалности. Како свои. Сега навистина немаме граница на запад. Но поддршка има и на југ и на далечниот исток и пошироко Атлантикот“, напиша Резников.

Објавата ја заврши со зборовите: „Украина ќе победи! Слава на Украина!“

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород