Резников: Кремљ сè уште не сака да го признае фијаското, но тоа е речиси тука

Од:

Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников денеска во нов пост на Фејсбук соопшти дека „расте незадоволството и деморализацијата кај руските окупаторски сили“, пренесе Укринформ.

„Ситуацијата на позициите е контролирана. Навистина, имаме загуби. Но, секое име, секој херој ќе биде запаметен. Исто како и секој убиец што нема да биде заборавен. Ја разбираме вредноста на животот и слободата. Животот на секој Украинец е бесценет“, напиша Резников на Фејсбук.

Во одредени правци, украинските бранители веќе почнуваат и со контранапад. Непријателот губи со десетици механизирани единици. Еноставно ги остава и бега, додава украинскиот министер во постот наменет за храбрење на армијата и граѓаните во борбата со помоќниот непријател.

„Ние на овој начин го надополнуваме нашиот возен парк. Непријателот ќе умре од сопственото оружје. Кремљ сè уште не е подготвен да го признае своето фијаско, но овој пат тоа е речиси тука. Расте незадоволството и деморализацијата кај руските окупаторски сили. Тие почнуваат јасно да ги гледаат работите, исто како и некои руски олигарси“, истакна Резников.

Според него, Кремљ конечно ги отфрли обидите да ги скрие своите намери.

„Тие дојдоа да ја уништат нашата земја, да го уништат нашиот народ. Нема да успеат. Водат војна против жени и деца. Не успеаја да ги победат бранителите на Харков и почнаа да се борат против Универзитетот во Харков. Русите се обични терористи. И терористите ќе бидат ликвидирани. […] Правиме максимални напори да обезбедиме хуманитарни коридори, да ги извадиме нашите луѓе од гранатирање, да обезбедиме испорака на хуманитарна помош“, додаде Резников.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород