Републиканецот Греам ја блокирал резолуцијата за признавање на „ерменскиот геноцид“

Од:

Републичкиот сенатор Линдзи Греам, по барање на Белата куќа, ја блокирал резолуцијата во Сенатот, со која официјално се признава геноцидот на народот на Ерменија од страна на Османлиската империја.

Сенаторот Греам, во телефонски разговор за порталот „Аксиос“ истакнал дека претставник на Белата куќа го замолил да ја блокира резолуцијата во Сенатот, која беше усвоена во Конгресот на 29 октомври. Барањето дошло по најавата дека демократот Боб Менденез ќе ја поднесе резолуцијата за гласање во Гордниот дом на Конгресот. Барањето за блокирање на резолуцијата доаѓа по состанокот на 13 ноември меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот американски колега Доналд Трамп.

– Функционер од Белата куќа ме замоли да се спротивставам на резолуцијата, и јас се согласив. Единствена причина за тоа беше бидејќи Ердоган се уште беше во Вашингтон. Времето беше многу несоодветно. Сакам да ги спасам односите меѓу САД и Турција, доколку е можно, истакна Греам.

Истовремено, тој истакнал дека повеќе нема да се меша во ситуацијата доколку резолуција биде повторно поднесена за гласање.

Поради тоа, Белата куќа побарала од републиканскиот сенатор Дејвид Пардју да го блокира поднесувањето на резолуцијата од страна на демократскиот сенатор Тед Круз.

Пардју минатата недела ја блокираше резолуцијата, со образложение дека постои опасност таа да ги влоши чувствителните преговори со Турција и други сојузници во регионот.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски