Додека републиканците имаат мнозинство во Претставничкиот дом, се очекува трката за Сенатот да резултира со битка за три држави. Во Грузија ќе има втор круг избори.
Републиканската партија е на пат да ја преземе контролата врз Претставничкиот дом на САД од Демократската партија, покажуваат прелиминарните резултати од изборите одржани во вторник.
Но, постои жестока борба за Сенатот, каде моментално односот на силите е изедначен: 48-48.
Демократите беа во предност во трката за Сенатот по изненадувачката победа на Џон Фетерман над републиканецот Мемет Оз во Пенсилванија.
Сепак, победата на републиканецот Рон Џонсон во Висконсин го изедначи натпреварот.
Гласачите во Америка избраа 435 членови на Долниот дом на Конгресот и 34 од 100 членови на Сенатот.
Што се однесува до борбата за Претставничкиот дом, републиканците во моментов имаат 210, а демократите 192 места.